Loading Video...
Фудбал
5. December 2021 - 17:53

Јунајтед се изнамачи со Кристал Палас, затоа Тотенхем лесно го победи Норвич

Попледнево се одиграа три средби од 15.коло во англиската Премиер лига .

Манчестер Јунајтед се изнамачи да дојте до трите бодови во дуелот против Кристал Палас. На дуелот одигран на „Олд Трафорд“ популарните „ѓаволи“ до минималната победа со 1-0 стигнаа со погодокот на Бразилецот, Фред во 76-минута.

Затоа пак Тотенхем немаше проблеми во дуелот против Норвич кој го спобеди со 3-0.

Бразилецот, Лукас Моура во 10-минута беше стрелец на првиот гол, а во второто полувреме Колумбиецот, Санчез и Корејанецот, Сон ги постигнаа вториот и третиот гол за домаќините.  

Интересен натпревар одиграа Лидфс и Брентфорд во кој домаќините водеа со 1-0, но се спасуваа од пораз и тоа во петата минута од судиското дополнение, во мечот што заврши без победник 2-2.