Loading Video...
Ракомет
16. March 2018 - 18:26

Јовиќ: Да ја завршиме СЕХА лигата со победа против Цеље

Ракометарите на Металург најавуваат нови успеси на меѓународната сцена откако клубот полека финансиски се стабилизира.  Последниот предизвик во СЕХА лигата за тимот од Автокоманда е поранешниот европски првак Цеље кого в недела го пречекуваат во Скопје. 
 
Целе е една од најдобрите екипи во регионалната лига  и веќе обезбеди учество на завршниот фајнал-фор турнир во Скопје кон крајот на месецот и затоа е тим кој е вистински предизвик за оваа млада генерација ракометари на Металург.  Натпреварот нема резултатско значење и за македонскиот претставник но се посакува добра игра и завршна победа во СЕХА лигата. 
„Ја повикувам нашата публика да дојде во што поголем број. Во мое име и во име на играчите можам да ветам дека нема да ги разочараме. Целје е апсолутен фаворит на овој дуел, а ние за да дојдеме до поволен резултат мораме да одиграме најдобро сезонава. Мораме да бидеме максимално борбени во одбрана, а во нападот  да играме трпеливо и да шутираме од чисти позиции", изјави Александар Јовиќ, тренерот на Металург.
 Натпреварот ќе се одигра во недела од 17.45ч во спортската сала Борис Трајковски