Тенис
30. July 2015 - 9:46

Јотовски во второто коло на фјучрсот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски успеа да ја мине првата пречка на фјучрсот во Тунис. Тој вчера го победи со 6-0 и 6-3 во сетови Романецот Мерцеан и денеска ќе игра против Мајед Килани од Тунис. Јотовски на турнирот настапува како втор носител.

На истиот турнир настапи и Бесир Дургути, но тој загуби во првото коло од Блејд Фонг од Австралија со 6-1 и 6-2 во сетови.
Во игра на двојки нашите тенисери во првото коло го завршија настапот откако загубија од третите носители Диеп и Ванг од Франција.