Тенис
11. March 2018 - 9:21

Јотовски го загуби четвртфиналето

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да го мине четвртфиналето на фјучрсот во Ровињ откако загуби од Мате Делиќ од Хрватска со 6:3 и 6:1 во сетови. За пласманот во ТОП 8 Јотовски ќе освои 2 поена, кои ќе му бидат запишани следната недела на АТП листата каде ќе направи скок и ќе го подобри својот пласман - 547 место. Тој во пртходното коло го елиминира првиот носител Чехот Колар.

Нашиот тенисер настапите на фјучрс турнирите во следниот период ќе ги продолжи во Тунис, додека во Хрватска остана Горазд Србљак, кого го очекуваат квалификации на уште еден фјучрс.