Јоксимовиќ: Србија аплицира за Фондот за солидарност на ЕУ во борбата со Ковид-19
Српската министерката за европски интеграции и Национална координаторка за ИПА фондовите Јадранка Јоксимовиќ на состанокот на Специјалната работна група на Владата на Србија, формирана за изготвување на апликација за Фондот за солидарност на ЕУ, го презентираше првиот нацрт на апликацијата, со кој се опиша текот на епидемијата, мерките и активностите што се преземени за да се спречи ширењето на инфекцијата и јавните трошоци за нивно спроведување, соопштенија од владата.
Како што јави допсиникот на МИА од Белград, во соопштението се додава дека доколку Европската комисија ја одобри поддршката за Република Србија, со средствата би се покриле дел од вкупните трошоци што ги имала Србија во периодот од четири месеци од преземањето на првите активности за спречување на ширењето на Ковид-19.
-Србија ќе упати апликација до Фондот за солидарност со цел да добие дополнителна неповратна поддршка за покривање на трошоците направени со намера да се спречи ширењето на ковида-19, да се заштитат здравствените работници, да се обезбедат подобри услови за лекување на пациентите и да се пружа помош на ранливите групи, изјави Јоксимовиќ.
Таа додаде дека „можноста за аплицирање за дополнителни средства од овој Фонд е уште еден доказ за солидарноста на ЕУ кон граѓаните на Србија и многу конкретна придобивка од процесот на пристапување во ЕУ“.
Како што се наведува во соопштенеито, Јоксимовиќ утре ќе испрати писмо до комесарот за регионална политика, Елиса Фереира, која е надлежна за управување со Фондот за солидарност, со опис на состојбата и преземените мерки со цел на спречување на ширењето на коронавирусот.
Србија ќе аплицира за овие фондови под истите услови како и земјите членки на ЕУ, кои исто така најмногу ќе аплицираат за средства од овој фонд.
Србија беше корисник на Фондот за солидарност во текот на 2015 година, за санирање на штетата предизвикана од поплавите, а во таа прилика беа обезбедени 60,2 милиони евра.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка