Loading Video...
Кошарка
2. January 2023 - 18:25

Јокиќ го предводеше Денвер до победа во дербито против Бостон

Изминатата ноќ, во НБА лигата се одиграа само три натпревари.
 
Дербито на двете прво пласирани екипи во конференциите го добија кошаркарите на Денвер совладувајќи го Бостон со 123-111. Најзаслужен за оваа победа на „Нагетси“ беше Никола Јокиќ кој стигна до својот деветти овосезонски трипл-дабл. Србинот средбата ја заврши со 30 поени, и по 12 скокови и асистенции. На „Селтикси“ не му помогнаа ниту 30-те поени на Браул, односно 25-те на Тејтјун, па Бостон го претрпе 11-тиот пораз.
 
Џа Морант, беше најзаслужен за победата беше на Мемфис во дуелот со Сакраменто со 118-108. Морант средбата ја заврши со 35 поени, а Мемфис со третата врзана победа и вкупно 23-та сезонава се израмни со Њу Орлеанс на втората и третата позиција во Западната конференција веднаш зад лидерот Денвер.
 
Во отсуство на Атетокуомпо и Мидлтон, екипата на Милвоки го претрпе петтиот пораз на последните шест натпревари. „Бакси“ загубија пред своите симпатизери од Вашингтон со 118-95. Во тимот на „Визардси“ за кој ова е трета последователна победа 26 поени постигна Јапонецот, Хачимура, додека Летонецот, Порзингис броеше до 22.