Македонија
19. February 2020 - 17:07

Јавување на телефонот на „Меѓаши“ најчесто за детска сиромаштија

Државните институции имаат слаба ефикасност во решавањето на проблемите на децата. Народниот правобранител, Центрите за социјална работа, училиштата редовно одговараат на пријавите од детската амбасада Меѓаши, но најчесто случаите во кои е пријавено прекршување на правата на детето се без разрешница.

Од Меѓаши велат дека за поголем успех потребна е целосна соработка и координација со надлежните институции.

“Размислуваме да воспоставиме координација меѓу сите кои сме засегнати…Подлабок е проблемот”

СОС телефонот за деца во изминатата година заѕвонел 113 пати. Волонтерите на Меѓаши најчесто слушале за детската сиромаштија.

Годишниот извештај на Меѓаши покажува дека правото на образование, правото на видување со двајцата родители, семејното и насилство во училиштата, се останатите категории во кои е регистрирано прекршување на правото на децата.