Бизнис
21. March 2018 - 19:53

Јавната администрација останува неефикасна - констатираат експертите, власта тврди - се преземаат реформи

Во Македонија не може да има прави реформи во јавната администрација бидејќи нема политика волја. Дел од универзитетските професори се скептични. Не очекуваат дека  за брзо време служниците ќе станат поефикасни.  Сметаат дека сликата во админитрацијата и во следните 20 години ќе биде иста.

Министерот Тевдовски пак причината за лошата состојба ја лоцираше во тоа што едни исти луѓе долги години пишувале закони кои не давале резултати.

Препораките на европските експертите се надлежните да ја подобрат транспаретноста и да внимаваат како се трошат јавните пари особено во делот на јавните набавки.

Според Манчевски се работи на поодбрување на ефиканоста на админитрацијата, но работите не можат да се подобрат преку ноќ.

Направен е и предлог распределба на работните позиции каде ќе бидат ангажирани 1600 лица кои според рамковниот договор не одат на работа, а земаат плата. Отако ќе биде усвоен предлоот позициите  ќе бидат објавени. Манчевски најави идната недела ќе се објави и точната бројка на сите кои се вработени  а земаат плата од буџетот.