Македонија
11. November 2019 - 19:31

Јанушев: Зошто власта го крие договорот со „Сархемс“

Доколку договорот е толку добар, зошто власта го крие?

Зошто не се објават деталите?

Зошто не знаеме што плаќаме, колку ќе плаќаме и како ќе плаќаме?

Дали власта има согласност да наметнува дополнителни давачки по патник? Како тоа ќе влијае на цените на аеродромските услуги?

Дали и во која мера ќе биде оштетен Фондот за здравство, бидејќи не сите граѓани имаат приватно осигурување и како тоа ќе влијае на здравствениот систем?