Свет
14. March 2018 - 16:39

Ја задушил девојката за време на секс, па се предал во полиција

Марк Брус (32) од Шкотска го признал убиството на 20-годишната Клои Миазек во својот стан во Абердин во ноември минатата година, пишува Телеграф.

Клои била на забава со пријателите кога, видно пијана, била исфрлена од ноќен клуб.

Излегла на автобуска постојка каде го запознала Брус, по што отишле во неговиот стан.

Меѓутоа, сè тргнало наопаку, бидејќи Клои завршила мртва. Причината за смртта е бизарна, а Телеграф наведува дека двајцата имале страст за „еротско душење“.

После кобниот настан, Брус е снимен од надзорните камери како панично трча на улица, еден час пред да се предаде на полицијата. Таму признал што се случило.

– Направив нешто грозно, убив некого. Девојката во мојот кревет е мртва, признал 32-годишникот.

Доказите покажуваат дека Брус ја говори вистината и дека ја задушил Клои за време на секс, а смртта наводно настапила брзо.

На Брус му е одреден притвор до изрекување на казната на 5 април.