Loading Video...
Свет
30. July 2021 - 16:50

Израел почна со трета доза вакцина, војската во контрола на карантинот во Сиднеј

Во Израел почна вакцинирањето со трета доза вакцина против Ковид 19 а прв во редот застана шефот на државата. 61 годишниот  Исак Херцог  откако ја прими третата доза  истакна  дека е горд што Израел е првата земја која почна ваква камапања. Вакцинирање со трета доза се нуди за граѓаните над 60 години кои пред најмалку 5 месеци  ја добиле втората доза. Ќе се аплицира Фајзеовата вакцина.

-Одлуката  за трета доза  ја донесовме по растот на корона инфекции во земјата и сознанијата дека ефикасноста на вакцините опаѓа после одредено време,  рече премиерот Нафтали Бенет.

Делта сојот на корона вирусот не прави проблеми само во Изарел. Го има во уште во 124 земји. Делта сојот предизвикува потешки симптоми и се шири со исто темпо како и сипаниците, се вели во внатрешен документ од Американскиот центар за контрола и превенција на болести, објави Вашингтон пост. Според новото истражување  целосно вакцинираните луѓе би можеле да го шират делта сојот со иста стапка како и невакцинираните и веројатно овој сој е посилен од заштитата што ја даваат вакцините. Но за да се  спречат смртни случаи вакцинацијата е најдоброто заштита велат научниците. Апелите за вакцинација не стивнуваат од лидерите на земји каде процентот  на имунизација не е на  задолжително ниво. Почнаа  да се практикувааат различни начини да се убедат луѓето да се вакцинираат, но и да се  почитуваат рестриктивните мерки. На улиците во најголемиот австралиски град Синдеј од понеделник до 28 август ке патролира војската  за да проверува дали карантинот целосно се почитуваат.