Македонија
16. January 2020 - 16:30

Измените во законот за управување со отпад го поминаа комисискиот филтер, невладините бараат целосна забрана за увоз

Забрана за увоз на отпад кој се користи како извор на енергија. Ова го предвидуваат измените на Законот за управување со отпад, чиј текст денеска ја помина матичната собраниска Комисија. Укинувањето на овој став од Законот доби поддршка и од власта и од опозицијата.

Предлог Законот е иницијатива на пратеничките од ДОМ, кои велат дека измените треба да поттикнат сериозна контрола на отпадот кој се увезува во земјава.

“Имаме сознанија од терен дека има загадување кое нема друг извор освен користење на горива и горилници кои не се соодветни.”

“Целта на Законот е да се намали загадувањето на животната средина и да биде во функција на здравјето на граѓаните.”

Според предлагачите, укинувањето на забраната за увоз на отпад кој се користи како извор на енергија е на барање и на еколошките организации. Но, активистите не се задоволни.

Сметаат дека се додека Македонија нема механизми за контрола на тоа што се влегува во земјава, треба комплетно да се забрани увозот на отпад.

Предвидено е новиот Закон да се се носи по скратена постапка. Тој и понатаму ќе овозможува увоз на отпад во Македонија, но само ако се користи како суровина и кој ќе може да се преработи без да претставува ризик по здравјето на луѓето.