Македонија
15. July 2020 - 14:11

Излезност од 24,61% на ниво на цела држава, во ДИК нема пријавено нерегуларности

Излезноста на избирачките места според последните информации на ДИК на ниво на Македонија изнесува 24,61% во сите шест изборни единици. Обработени се податоци од 3383 избирачки места од вкупно 3480.

Најголема излезност од сите шест изборни единици има во ИЕ3. 

ИЕ1 - 27,36% (најголема излезност има Карпош повеќе од 31%, а во Аеродром 30,15%)

ИЕ2 - 22,71% (најголема излезност има Општина Македонски Брод 35%, Ѓорче Петров 28,54%)

ИЕ3 - 29,72% (најголема излезеност има Крива Паланка 41%)

ИЕ4 - 28,30% (најголема излезеност има Неготино 33%, Прилеп 32% )

ИЕ5 - 24,12% (најголема излезеност има Вевчани 39%, Битола 31%)

Најмала излезност има во шестата изборна единица.

ИЕ6 - 16,58% (најголема излезеност има Јегуновце 17%, Тетово 19%) 

За инциденти и нерегуларности официјално од ДИК немаат никаква информација. Ставот на ДИК е дека во архивата во ДИК до 12:30 не бил пристигнат никаков приговор за нерегуларности во однос на изборниот ден.