Македонија
22. January 2021 - 20:13

Изгоре зграда во Штип - 10 семејства на улица

Осум ромски семејства останаа без кров на глава откако утринава изби пожар во стара куќа во централното градско подрачје каде нелегално претстојуваат. Пожарот избувнал додека спиеле и не знаат која е причината, но среќа во несреќа е што успеале да наврме да ги изнесат малолетните деца.

- Ја имам само 3 деца... и јас имам две деца и бремена жена, сабајле едвај ги извадив, внатре беше полно со дим, жители на зградата.

Велат дека биле приморани овде да се сместат, зашто претходно живееле во старото нервно одделение, меѓутоа и таму пред неколку години зградите беа опожарени.

- На диво влеговме, немавме каде да одиме и моравме некаде да се сместиме-изјава жителка на куќа

Пожарот ги зафатил подрумските простории и првиот кат и благодарение на брзата интервенција на протипожарната единица не се прожири и на останатите катови.

- Се работи за стара куќа со дрвени тавани. Дрвата горат внатре во ѕидовите и според наша проценка доста долго време ќе тлее, поради што ќе оставиме една против пожарна екипа на стража, за д ане дојде повторно до избувнување на пожарот, изјави Тони Атанасов, командир на ТППЕ- Штип.

На дел од станарите изгорена им е целата покуќнина.

- Ова само ми остана, алиштата на децата. Овој човек ми даде тренерки.

Станарите веќе нема каде да одат и побараа помош од локалната самоуправа да им најде привремено решение. Градоначалникот вети дека ќе го реши нивниот проблем, но мора се стави крај на нелегалното користење на напуштените објекти.

- Со не ажирирањето, не пријавувањето и не контролираното користење на ваклвите јавни установи и објекти, мпоже да доведе до не дај Боже човечки загуби, што би било многу драматично, изјави Сашко Николов, градоначалник на Штип.

Како трајно решение, општинатапланира изградба на 100 типски куќи за оваа категорија на граѓани, а ќе се работи и на нивна ресоцијализација.