Балкан
17. August 2017 - 17:50

Изетбеговиќ: Бошњаците треба да размислат како понатаму

Меѓународната заедница уште во 2006 година почна да ги напушат Бошњаците и тие мора тоа да го сфатат, да повлечат линија и да видат што ќе прават понатаму, изјави денеска бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ.

Во обраќање на собир во Какањ пред членовите и симпатизерите на неговата Партија за демократска акција (СДА), Изетбеговиќ рече дека причина за „напуштањето на Бошњаците“ од страна на Западот било пропаѓањето на „Априлскиот пакет“ во 2006 година.

„Априлскиот пакет“ беше предлог на документи за промена на Уставот на Босна и Херцеговина, усвоен врз основа на Дејтонскиот договор, кој ги одби тогашниот бошњачки член на Претседателството на БиХ, Харис Силајџиќ, со образложение дека тој води кон распад на државата. 

- Од тогаш меѓународната заедница почна да не остава сами и ние тоа мора да го сфатиме. Треба да повлечеме линија и да видиме што треба да правиме, изјави Изетбеговиќ.

Според него, во последниве 10 години се повидливи се зајакнувањето на антибошњачките сили и обидите за „остварување на воените цели со морновременски средства“, преку „напади врз вистината“ и „релативизирање на фактите“.

- (Претседателот на Република Српска, Милорад) Додик одликува воени злосторници и испарќа авиони по нив, а во Сребреница на денот за погребувањето на жртвите на геноцидот имаше обиди за нови провокации кои ги спречивме. Врвот на ХДЗ редовно ги пречекува воените злосторници и врши притисок врз судството за да не се процесуираат злосторствата, рече Изетбеговиќ.

Тој ги повика Бошњаците да започнат „политика на спротивставување“, бидејќи тие се единствени кои ги бранат своите и интересите на државата Босна и Херцеговина.

- Мораме да бараме алтернатива за ХДЗ бидејќи место договор со Бошњаците, тие разговараат со Додик, кој е уривач на БиХ, порача Изетбеговиќ.

Тој го обвини и лидерот на бошњачката партија Сојуз за иднината на БиХ (СББ) и сопственик на венсикот „Дневни Аваз“, Фахрудин Радончиќ дека работи против интересите на Бошњаците.  

Нападот врз Радончиќ претставува реакција на негова изјава дека СДА и тогашниот нејзин лидер и претседател на БиХ, Алија Изетбеговиќ платиле да биде убиен еден Србин на свадба, што беше повод за почеток на Војната во БиХ на почетокот на 90-те години на минатиот век.  

- Ете „Аваз“ почна да го обвинува Алија Изетбеговиќ, а со тоа и сите нас дека сме виновни за војната. (Радончиќ) кажа многу работи, но ова за Алија и за војната не можам да му го простам, порача Бакир Изетбеговиќ, кој е син на првиот претседател на БиХ, Алија Изетбеговиќ.