Македонија
9. July 2020 - 16:38

Избори 2020: Мицкоски ветува обнова на социјалниот дијалог и враќање на синдикатот на преговарачката маса

Обновување на социјалниот дијалог за доброто на работниците. Синдикалците бараат идната Владата повеќе да комуницира со претставниците на работници и да ги вклучува во носењето одлуки.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска на средба со Конфедерацијата на слободни синдикати вети дека социјалниот дијалог ќе се врати доколку опозицијата ја добие довербата на народот.

На прашање што ако ДУИ остане на барањето за Албанец прмеиер и ако ВМРО ДПМНЕ зависи од нив, Мицкоски вели дека граѓаните масовно ќе поддржат опцијата на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори и тоа ќе им обезбеди комотна позиција во преговоорите за формирање Влада.

Освен со КСС, Мицкоски денеска ги слушна и предлозите на бизнисмените од прилепскиот регион.