Македонија
23. March 2018 - 16:49

Иванов не отстапува - Законот за јазиците нема да добие потпис од претседателот

Претседателот Ѓорге Иванов не го менува ствот и останува на позицијата дека нема да го потпише Указот за Законот за употреба на јазиците и покрај апелите од Премиерот Заев и Спикерот Џафери, за преиспитување на неговата одлука.
 
Од Кабинетот на Иванов велат дека претседателот јасно ги посочил причините за ваквата одлука и нема основа за нејзина промена.
 
Претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа повторно го повика Иванов да го потпише законот, посочувајќи дека претседателот на државата има уставна одговорност да го потпише законот, кој со мнозинство е донесен од пратениците во второ читање.
 
Претходно и премиерот Зоран Заев побара Иванов да стави потпис и да овозможи законот да заживее, а за него да се изјаснат Уставниот суд и Венецијанската комисија.
 
Цврстата позиција на Иванов за таканаречено џебно вето, создава правен вакум, за кој правните експерти сметаат дека единствено може да се реши со политички договор за нова постапка за нов Закон.
 
Иако во јасвнста се најавуваше множност за покренување импичмент за Иванов, Џафери вели дека во сегашните околности тоа не може да се спроведе бидејќи го нема двотретинското мнозинство  во Собранието потребно за таа процедура.
 
Од игра испаѓа и одпцијата Џафери да стави два потписа на Указот, за може законот да стапи на сила, затоа што Уставниот суд веќе еднаш донел одлука дека тоа е надвор од уставните процедури.
 
Сител веќе објави дека во 1997 година, тогашниот спикерт Тито Петковски, користејќи го службеното отсуство на Глигоров се потпишал место него на Указот за закон, за копј подоцна Уставниот суд се изјаснил дека тој потпис на Петковски е надовр од уставните нормативи.