Loading Video...
Фудбал
24. September 2022 - 11:40

Италија го доби дербито против Германија додека Унгарија ја изненади Германија

 
Во најдобрата А конкуренција, дербито се одигра во Милано, каде Италија ја пречека Англија. На задоволство на домашната публика Азурите славеа победа со 1-0 со голот на Распадори во 68-минута. 
 
Ново големо изненадување приреди селекцијата на Унгарија која на гости во Лајпциг ја победи Германија со 1-0, па Унгарците ја задржаа првата позиција во оваа конкуренција пред Италија која има три бодови помалку. 
 
Токму дуелот меѓу Унгарија и Италија закажан за во понеделник ќе реши која селекција ќе го освои 1.место во оваа група.
 
Во втората по квалитет конкуренција, се одигра балканското дерби. Во Зеница БиХ со голот на Демировиќ, во финишот на првото полувреме, ја победи Црна Гора со 1-0 со што Босанците го осигураа првото место во групата.