Македонија
8. February 2023 - 16:34

Истражувањето на Евротинк открива дека Бугарија е најголема закана, поддршката за ЕУ падна под 50%

Македонија има непријатели, а најголема закана е Бугарија.. Според анкетата на „Еврометар“ на „Евротинк“, речиси половина од испитаниците сметаат дека постои држава која со омраза гледа кон земјава, а скоро 28 отсто од нив, како најголема закана ја посочуваат Бугарија.. Зад неа се Русија, Албанија, Косово.. За најголеми пријатели, македонските граѓани ги сметаат Србија, САД, Турција и ЕУ.

На прашањето дали годинава ќе биде променет Уставот и Македонија ќе ги продолжи преговорите со ЕУ, анкетираните имаат поделено мислење.. 39 отсто не веруваат во тоа, а 38 сметаат дека ќе се случат уставните измени.

„Во последните две-три години, Бугарија се смета за најголем непријател на Македонија и тој тренд контонуирано расте. Ако лани Бугарија била број еден со 23%, од граѓани кои сметале дека е најголем непријател, сега тој процент има скокнато на скоро 28 проценти“, изјави Димитар Николовски, ЕВРОТИНК.

Истражувањето покажува пад на поддршката за членство во Европската унија.. Првпат, процентот е под 50 отсто и според „Евртоинк“ е најмал во последните осум години.. Иако односот на ЕУ кон земјава го сметаат за уценувачки, 58 проценти од анкетираните, Унијата ја гледаат како најдобра алтернатива за Македонија.

„Имаме рекордно ниски бројки во однос на довербата и ставовите на македонските граѓани кон ЕУ и општо кон самиот процес на евроинтеграции. На пример, на прашањето каков е односот на ЕУ кон Македонија, највисоки, 65 отсто сметаат дека односот е нефер, надмен и уценувачки, додека оние сметаат дека е тој фер и пријателски, најниски 17 отсто што се падови од околу 20 % во однос на претходните години“, вели Николовски. 

Според анкетата, најголем дел од граѓаните сметаат дека држвата се движи во погрешна насока, а институциите се неуспешни во борбата со корупцијата.. Обвинителството и судството имаат најмала доверба од шест и седум отсто, а на врвот се армијата, религиските институции и полицијата.

Анкетата на „Евротинк“ е направена телефонски на крајот од декември на репрезентативен примерок од 1006 испитаници.