Македонија
7. August 2020 - 16:59

Истражување на Меѓаши: Родителите се за комбинирана настава

Повеќе од две третини од родителите прифаќаат комбинирана настава со физичко присуство на децата во училчиште и онлајн учење во претстојната учебна година. покажува истражувањето на “Меѓаши”.

68,7 проценти се за комбинирана настава, а 31,3 отсто се против ова.

Интересен е податокот доколку МОН предложи враќање  во училишните клупи повеќе од половината односно 52,4 проценти од анкетираните родители истакнале дека би потпишале изјава нивните деца да одат на училиште секој ден, 26,9 отсто не би ги пуштиле децата на школо додека трае пандемијата, а 20,6 проценти се за комбинирана настава, но речиси едногласни се дека не подржуваат настава со физичко присуство доколку има многу заразени. Затоа за повеќе од половината најбезбедно за децата да не бидат изложени на инфекција е онлајн наставата.

Најголема загриженост за родителите доколку се започне со одење на училиште е патот до образовната институција и враќањето назад, за една третина загрижува големиот број на децата во одделението, а помалку се засегнати за соодветното дезинфицирање на просториите.

-Генерално земено, резултатите покажуваат дека иако родителите/старателите имаат различни ставови по прашањето за каков тип на настава се од септември, карактеристична е заедничката грижа за здравјето на децата. На сите, без оглед дали наставата ќе биде онлајн или во училиште или комбинирана... најважно им е децата да се здрави и сигурни изјави Драги Змијанац, од Меѓаши.

Според истражувањето на Меѓаши досегашната онлајн настава само делумно ги задоволува потребите на учениците. 58,2 отсто од родителите сметаат дека децата добиле подобри оцени, но се стекнале со помалку знаење.

-Речиси две третини или 64,3 отсто од испитаниците имаат соодветни просторни технички услови за следење на онлајн настава, 28,7 отсто од нив се изјасниле дека делумно располагаат со соодветни просторни и технички услови за следење на онлајн наставта, а 6,4 отсто од испитаниците одговориле дена не располагаат со соодветни просторни и технички услови за следење на онлајн настава, рече Наташа Павичевиќ Стојменовска, истражувач во анкетата на Меѓаши.

Анкетата на Меѓаши се спроведена онлајн од 22 јули до 3 август, а биле опфатени 1003 родители и старатели. Генералниот заклучок е дека на сите најважно пред се им е децата да се здрави и сигурни.