Бизнис
19. November 2019 - 19:42

Истражување: Еден процент од граѓаните можат да купат стан, 12 немаат ниту за храна

Речиси 60% од граѓаните имаат пари само за храна и облека, 12 отсто немаат ни за храна. Само 1% можат да си дозволат купување стан или викендичка.

Ова се резултатите од истражувањето на Асоцијацијата на финансиски друштва. Причината за ова се ниските приходи, од кои не им остануваат пари за други потреби.

Граѓаните тогаш  или се задолжуваат во банка или во небанкарски финансиски институции – кои им даваат пари одма, без дополнително обезбедување, но со висока камата, од 10% годишно и манипулативни трошоци. За кредит од 50 илјади денари, ќе треба да вратат речиси 65 илјади денари.

Во споредба, каматите во банка се до 7,9 осто годишно, или за истиот кредит граѓаните ќе вратат 52,164 денари.

Бројката на лица кои се одлучуваат на брзи пари со високи камати изнесува 6%,  од кои 47% се изјасниле дека имаат позитивно мислење за оваа индустрија. На кредит од банка се одлучуваат  83 % од граѓаните.