Македонија
11. јуни 2021 - 20:00

Историчарите завршија уште една средба без договор

Без напредок по ниту едно прашање завршија дводневните разговори помеѓу македонските и бугарските историчари.

Шефот на бугарската комисија прстот за неуспехот го впери кон македонската страна, за која вели дека воопшто не води дебата темелена на историски факти.

Покрај за учебниците по основно образование, Цар Самоил и Гоце Делчев, денешните разговори помеѓу историчарите запнаа и за заедничкото чествување на Григор Прличев. Димитров вели дека овие разговори се враќаат на самиот почеток со оглед дека за нив е неприфатлив македонскиот предлог за три или четиристрано чествување на Прличев.

Од македонскиот историски тим за МИА пак брифираат дека овие два дена ги имале најтешките разговори досега.

Очигледно е дека бугарската страна го гледа овој процес како можност да го наметнат својот поглед за минатото во друга држава и образовен систем, посочуваат оттаму. 

Разговорите помеѓу историчарите ќе паузираат за време на летото. Следната 15-та средба ќе се одржи кон средината на октомври, најверојатно тет-а-тет во Софија, ако тоа го дозволи епидемиолошката состојба во двете земји.  Дотогаш се очекува Бугарија да добие и политичка влада по изборите закажани за точно еден месец.