Македонија
22. October 2019 - 16:39

Ист судија досуди иста казна за Ѓоко Поповски и покрај одлуката на Апелација судењето да се повтори

Судијата во случајот „Триста“ одреди идентична затворска казна за поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.

Добрила Кацарска и во мај лани го осуди Поповски на девет години затвор поради набавка на возила за потребите на полицијата.

Таквата пресуда ја укина Апелациониот суд на крајот од минатата година и нареди судијата Кацарска да го повтори судењето.. И во оваа постапка судот утврди вина кај Поповски.

Дозволил купување на 300 возила за МВР од различни авто салони кои нуделе повисоки цени со што го прекршил законот за јавни набавки, се вели во пресудата..

Според пресудата, Поповски со купувањето поскапи возила го оштетил Минстерството за внатрешни работи за сума од близу половина милион евра. Парите ќе треба да ги врати во рок од 15 дена по правосилност на пресудата..

Инаку поранешниот помошник министер е осуден и за набавката на блиндираниот мерцедес.. Судијата Добрила Кацарска му одреди шест и пол години затвор, казна која Апелациониот суд му ја намали на четири и пол години.