Свет
31. May 2020 - 12:36

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз новинарите во Кабул

Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Авганистан во кој загина еден новинар и возач автобус на локална телевизија.

Во соопштението објавено на Интернет страницата на терористичката организација се вели дека нападот бил насочен кон вработените во ТВ Куршид, бидејќи станицата била лојална на „отпадничката Влада на Авганистан“.

Според првичните извештаи, бомбата била закачена на автобусот со магнети и експлодирала за време на вечерниот метеж.

Во изминатите две години во слични напади загинале двајца вработени во оваа телевизија, и двајца се повредени.