Македонија
22. March 2018 - 16:25

Исчезнатата штитеничка од ,,Ранка Милановиќ‘‘ и претходно го напуштала домот без знаење

Не било прв пат да исчезнува малолетничката од домот Ранка Милановиќ која завчера била пријавена во полиција дека ја нема веќе две недели. Таа и претходно без најава бегала од институцијата, потврди министерката за труд и социјала. За исчезнати штитеници на државата во последно време се почесто се информира во полициските билтени. Според Царовска ова е начин побргу да се најдат додека да почне процесот на деинституционализација на домовите.

-Тогаш можеме да кажеме дека сме добиле подобро ниво на заштита. Сега она што правиме е да се почитуваат протоколите кога лицето исчезнува да пријавиме во МВР побргу да го врати назад, изјави Мила Царовска, министер за труд и социјала.

Инаку неодамна полицијата среде ноќ на скопските улици најде малолетник од домот 25 мај кој шест месеци се водел за исчезнат. Од истиот дом 13 годишно девојче со месеци било силувано и абортирало, а уште две други штитенички останале трудни.