Loading Video...
Свет
11. January 2020 - 16:31

Ирански генерал: Мислевме дека авионот е непријателска ракета, кога дознав посакав да сум мртов

Мислевме дека авионот е непријателска ракета, кога дознав посакав да сум мртов, изјави командантот на Иранската револуционерна гарда генералот Амир Али Хаџизаде.

Во своето обраќање на државната телевизија тој рече дека неговата единица прифаќа „целосна одговорност“ за падот на украинскиот авион во кој загинаа сите 176 патници.

Хаџизаде исто така, рече дека авионот е соборен од ракета со краток дострел, и дека тие мислеле дека станува збор за непријателска крстосувачка ракета, бидејќи леталото свртело кон „сензитивен воен центар“ на Револуционерната гарда.

Нападот на авионот уследи по ракетирањето бази на САД во Ирак, како одмазда за убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани.