Свет
16. December 2016 - 17:32

ИОМ: Од почетокот на годината загилнале или исчезнале над 7.000 мигранти

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денеска соопшти дека 2016 е рекордна година по бројот на загинати или исчезнати мигранти во светот.

- Од почетокот на годината 7.189 мигранти и бегалци загинале или се исчезнати по светските мигрантски маршрути. Тоа е најголем број досега, изјави на прес-конференција во Женева портпаролот на ИОМ, Леонард Дојл.

Тој додаде дека секој ден просечно гинат по 20 луѓе и оти ако продолжи таквиот тренд, до крајот на годината ќе загинат уште 200 до 300 мажи, жени и деца.

- Во последните две години загинале или исчезнале 5.267 мигранти и 5.740 бегалци.