Македонија
27. July 2016 - 8:35

Интернационално графичко биенале во Музеј на Град Скопје

„Интернационално графичко биенале – Скопје”, прво од ваков тип во Македонија, ќе биде отворено вечер во просториите на Музејот на Град Скопје во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) и манифестацијата „Скопско лето“.

На изложбата ќе бидат прикажани повеќе од 60 графички дела на автори од преку 15 земји, меѓу кои Кина, Германија, Австралија, САД, Канада, Тајван, Полска, Хрватска. За учесниците – добитници на прво, второ и трето место на ова биенале ќе следува и соодветна парична награда.

Од ДЛУМ истакнуваат дека ова биенале, како нов проект го почнуваат следејќи ги светските графички трендови, но и одбележувајќи 70 години од своето постоење.