Loading Video...
Фудбал
10. February 2020 - 0:29

Интер со пресврт го победи Милан

Големото градско дерби на Милано, меѓу Интер и Милан кое се одигра во рамките од 23.коло на Серија А, го добија фудбалерите на Интер и тоа со комплетен пресврт во второто полувреме. 
 
Иако по првите 45.минути Милан со головите на Ребиќ во 40-тата и Ибрахимовиќ во 45-минута имаше предност од 2:0, сепак „неро-азурите“ покажаа карактер во вториот дел, па со четири постигнати голови заслужено се радуваа на победата. 
 
По нецели десет минути игра во второто полувреме Интер го исрамни резултатот со погодоците на Брозовиќ и Весино. 
 
Пресвртот го најави Де Врај со голот во 70-тата минута, а победата ја потврди Лукаку во третата минута од судиското дополнение. 
 
Со освоените три бодови како и поразнот на Јувентус на гости кај Верона (2:1) екипата на Интер сега е на врвот на табелата со 54 бодови колку што има и Јуве.