Loading Video...
Фудбал
29. July 2020 - 14:24

Интер го доби дербито против Наполи

Екипата на Интер го доби дербито против Наполи во рамките од 37-то претпоследно коло во Серија А. 
 
„Неро-аѕурите“ забележаа победа со 2-0 со головите на Д'Амброзио постигнат уште во 11.минута и Лаутаро Мартинез кој погоди во 74-тата минута. 
 
Со новите три освоени бодови Интер се врати на второто место на табелата со бод повеќе од Аталанта која претходно славеше на гостувањето кај Парма со 2-1. 
 
Инаку овие два тима заедно со старто-новиот првак Јувентус и Лацио ќе играат во Лигата на шампионите, додека Наполи кој беше освојувач на купот заедно со Рома и Милан ќе играат во Лига Европа. 
 
Така до крајот на шампионатот останува само уште една непозната. Кој ќе биде третиот тим покрај СПАЛ и Бреша кој ќе се пресели во Серија Б. 
 
Џенова на Горан Пандев која вечерва гостува кај Сасуоло има четири бодови повеќе во однос на Лече кој ќе гостува на Удинезе на Илија Нестороски.