Фудбал
4. October 2022 - 18:01

Интер - Барселона во дербито на 3-коло на ЛШ

Денеска и утре продолжуваат возбудува во фудбалската Лига на шампиони во која на програмата се дуелите од 3.коло. 
 
Дербито на вечерета ќе се игра во Милано, каде во рамките на Ц групата Интер ќа ја пречека Барселона во ситуација во која двете екипи по првите две рунди имаат освоено по три бодови. 
 
Ељиф Елмас со својот тим Наполи на гостувањето во Амстердам кај Ајакс ќе се обиде да стигне и до третата победа во А конкуртенцијата.
 
Комплетни двојки за денешните натпоревари: 
 
А ГРУПА: АЈАКС –  НАПОЛИ  и ЛИВЕРПУЛ –  Г. РЕНЏЕРС  (21 часот)
ТАБЕЛА: НАПОЛИ 6 бодови, ЛИВЕРПУЛ 3, АЈАКС 3, РЕНЏЕРС 0
 
Б ГРУПА: БРИЖ –  АТЛЕТИКО М. и  ПОРТО –  БАЕР Л.  (21 часот)
ТАБЕЛА:  БРИЖ 6 бодови,  БАЕР Л. 3, АТЛЕТИКО М. 3 и ПОРТО 0
 
Ц ГРУПА: БАЕРН М. –  ВИКТОРИЈА ПЛЗЕН  (18:45 часот) и  ИНТЕР –  БАРСЕЛОНА (21 часот)
ТАБЕЛА: БАЕРН М. 6 бодови,  БАРСА 3 ИНТЕР 3  ВИКТОРИЈА ПЛЗЕН 0
 
Д ГРУПА: О.МАРСЕЈ –  СПОРТИНГ Л. (18:45 часот)  и  АЈНТРАХТ –  ТОТЕНХЕМ (21 часот)
ТАБЕЛА: СПОРТИНГ 6 бодови, ТОТЕНХЕМ 3, АЈНТРАХТ 3 и О.МАРСЕЈ 0