Македонија
17. January 2022 - 13:52

Инспекторите и комуналните редари на Град Скопје во текот на викендот изрекоа 14 казни

 Град Скопје соопшти дека екипи од неговиот Инспекторат составени од комунални инспектори и инспектори за животна средина, изминатиов викенд изрекле казни за палење оган на отворено, како и за недозволено фрлање отпад.

Затекнати и санкционирани се, како што се посочува, лица кои палеле оган на отворено во Шуто Оризари за што се изречени две казни, а во општината Бутел, пак, во близина на последната автобуска станица на линијата број 57, фатено е лице како незаконски фрла отпад, за што тоа е казнето.

Изминатиов викенд комуналните редари од Град Скопје изрекоа 11 казни на физички лица за непочитување на законските прописи и фрлале ѓубре на јавна површина во Градскиот парк. Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор на јавните површини. Неселективно ќе се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, информираат од Град Скопје.