Бизнис
16. December 2019 - 8:34

Информативна средба во МЗШВ за распределбата на земјоделското земјиште од проектот МАИНЛАНД

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска организира информативна средба со главните партнери на проектот МАИНЛАНД, финансиран од Европската унија.

Информативната средба е за почнување на фазата на планирање на распределба на земјоделското земјиште во четири консолидациски подрачја: Соколарци и Спанчево во Општина Чешиново – Облешево, Логоварди и Оптичари во Општина Битола.

На средбата ќе учествуваат Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството, Агенцијата за катастар на недвижности, Комората на овластени геодетски фирми, единиците на локалната самоуправа и организациите на земјоделци, а предвидено е обраќање на државниот секретар, Нефрус Челику.

Проектот МАИНЛАНД го спроведува ФАО заедно со МЗШВ.