Loading Video...
Тенис
4. јуни 2022 - 16:55

Ига Швјонтек победничка на „Роланд Гарос“

Ига Швјонтек од Полска е победничка на Роланд Гарос. 
 
21-годишната Швјонтек ја оправда улогата на прва фаворитка во Париз, па во финалето за замо 1 часо и 10 минути ја победи 18-годишната американска тенисеркла Коко Гауф со 2-0 по сетови 6-1 и 6-3.
 
За полска тенисерка ова е втор триумф во Париз откако пред две години до првиот стигна исто така со победа над американската тенисерка Софија Кенин. 
 
Воедно Швјонтек го израмни рекорд на уште една Американка и тоа Венус Вилијамс која во 2000 година нанижа 35 победи по ред.
 
Утре на програмата е машкото финале. 
 
Во него за трофејот ќе се борат „кралот“ на Роланд Гарос, Рафаел Надал и Норвежанецот, Каспер Руд. 
 
Надал кој утре ќе го игра своето 17-то финале во Париз ќе атакува на 14-тата титула, додека за 23-годишниот Руд кој е 8-мо рангиран на АТП листата ова е прво финале на турнирите од големата четворка. 
 
Финалниот меч ќе започне во 15 часот