Живот
29. April 2017 - 8:53

Иднината стигна: се повеќе луѓе вградуваат микрочипови под кожата

 

Дигиталниот чип, покрај следењето на здравствените податоци, може да се користи за отклучување и заклучување на врати, плаќање на стоки и услуги, чување на податоци...

Над илјада Швеѓани се одлучиле за доброволна имплантација на микрочип под кожата за да ги следат своите здравствени податоци и да престанат да памтат разни лозинки. Технологијата која се користи кај луѓето е приближно иста како за кучињата и мачките.

Користејќи ја денешната врвна технологија, микрочипот, чија инсталација трае половина секунда, може да се отчита на далечина од неколку дециметри. Неговата содржина може да се менува со помош на мобилен телефон. Дигиталниот микрочип може да се користи за многу функции кои обично се вршат во Скандинавија со мобилен телефон, како што се отклучување и заклучување на врати, плаќање на стоки и услуги и чување на податоци.

Тобиас Дегсел е еден од првите Швеѓани кој вградил микоричип под својата кожа. Тој не се плаши дека неовластени лица можат да добијат пристап до неговите лични податоци и смета дека податоците кои се чуваат на ваков начин се целосно безбедни.

- Претпоставувам дека би се посомневал ако некој се доближи до мојот компјутер, така веднаш би ја променил лозинката. Верувам дека ова е најбезбеден систем кој до сега сум го видел – вели Дегсел.

Микрочипот е сосема безбедно и практично средство за чување на податоци. Сепак, многумина оваа технологија ги потсетува на дистопијско општество на Големиот брат или на „знакот на ѕверот” кој се спомнува во Библијата.

Денешната генерација на микрочипови, кои исто така се користат за означување на домашните миленици, не содржат никаков вид на предавател. Меѓутоа, компјутерскиот експерт Маркус Билунд смета дека луѓето веќе живеат во општества на надзор и оставаат многу електронски траги кои можат лесно да се следат.

Ние се фокусираме на помали работи како што е вградувањето на чип во исто време кога личните податоци се собираат масовно на интернет или преку разговори на телефонот или со СМС пораки. Некои од овие информации можат всушност да претставуваат закани по демократските општества – рече Билунд.  

Спутник - Москва