Македонија
7. December 2019 - 17:32

И власта и опозицијата бараат да се почитува ставот на Венецијанската комисија за Законот за јазиците

Владата ќе ја почитува одлуката на Венецијанската комисија и ќе го ревидира Законот за употреба на јазиците, уверува премиерот Зоран Заев откако вчера правните експерти на Советот на Европа дадоа конечни и сериозни забелешки на ова законско решение.

Заев вели дека измените ќе бидат подготвени од министерството за правда, потоа ќе се пратат на нова проверка во Венецијанската комсија и дури потоа ќе бидат доставени во парламентот. Премиерот засега ги гарантира гласовите на СДСМ во Собранието, но верува дека поддршка на измените на законот за употреба на јазиците ќе даде и коалициската ДУИ бидејки веќе имало консултации со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

- Тоа ќе го направи СДСМ сигурно, а верувам сигурно тоа ќе го направат и нашиоте коалициски партнери зашто разговараме за оваа работа. Никој не сака да загуби предмет на суд или да биде неправично осуден, односно самата пресуда да не стигне, или каква било граѓанска постапка поради тоа што одредено друго право било надминато поовеќе од црвените линии, па правото на правда било нарушено.

Но, Заев вели и дека законот е авангарден, ја поткрепува мултиетничката држава и веќе функционира една година.

- Почитувани прилепчани, струмичани, гевгеличани, гледате дека не мора да се учи албански, се разбира, освен оној кој сака да ги усовршува знаењата. Да ја разбиеме таа лоша теза која предизвикуваше одредени националистички нетрпеливости во државава. И самата Венецијанска комисија кажува дека Законот е авангарден. Дури ги поминува одредените европски конвенции во делот на правата на употребата на јазиците.

И опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека препораките на Венецијанската комисија мора да се испочитуваат.

Венецијанската комсија вечера донесе мислење за законот за јазици со кое се повикуваат властите во земјава да го преиспитаат преку консултации со сите засегнати страни.

Од БЕСА пак, велат  дека се согласувааст со Венецијанската комсија дека законот треба да се преиспита, па бараат заедничка платформа на сите албански партии за уставни измени со кои алабанскиот јазик ќе стане службен, а не неговиот статус, како што велат од БЕСА, да се решава парцијално.

- Тоа со што не се согласуваме со овој извештај е дека Албанците во Македонија се малцинство. Тие не се малцинство, Албанците во Македонија се втората мнозинска заедница во земјава.

Според Комисијата, спорно е што во одредени области овој закон наметнува нереални правни обврски кон институциите, особено во врска со употребата на албанскиот јазик во судските постапки. Комисијата понатаму забележува дека законот за јазици не е прецизен кои одредби важат само за албанскиот, а кои, исто така и за другите јазици на заедниците. Од Комисијата препорачуваат да се одложат казнените одредби.