Македонија
5. December 2019 - 16:36

И викендов протести за загадениот воздух

Во сабота жителите на Ѓорче Петров ќе протестираат против загадувањето на воздухот, поради нерасчистената депонија во Ново Село.  

Граѓаните постојано лоцираат и објавуваат фотографии од загадувачи но од мерките не се задоволни. Градоначалникот Шилегов пак смета дека тој  предначи во мерките кои се преземаат во борбата за почист воздух.

За десет дена најави и голема акција за дислокација на ромско население диво населено во Ќерамидница, Вардариште, Кале кои влијаат на загадувањето со палење на отпад.

Еко здруженијата кои учествуваа на масовниот марш против аерозагадувањето упатија  7 конкретни барања до Владата а рокот истекува утре. Доколку Владата не ги исполни тие повторно ќе излезат на улица.

Главниот град денеска повторно се гуши во смог  а според мерните станици кои се во функција низ државата , Куманово е на првото место.