Македонија
6. July 2022 - 16:47

И вечерва најавени протести пред Владата во 19:00 часот

47 повредени полициски службеници, двајца хоспитализирани, 11 со потешки повреди, 11 приведени лица од кои двајца малолетници, оштетени зградите на Собранието и МНР - ова е епилогот од вчерашниот протест против францускиот предлог.

Полицијата интервенираше им се спротистави на демонстрантите и се распореди по улицата пред Законодавниот дом. Според првиот човек на полицијата, станува збор за група од 30 лица кои ги прави немирите, но не открива од каде доаѓаат. За вечерашниот протест се предвидени нови немири, а според Спасовски се подговтвуваат и молотови коктели.

Талат Џафери ги објави штетите во Законодавниот дом и вели дека поддржува протести, но без неасилство.

- Тоа не значи повредување на полициски службеници кои ја извршуваат својата должност, тоа не значи да се предизвика материјална штета која повторно ќе се одрази негативно врз сечиј буџет и тоа не значи да се искажува навреда и да се поттикнува омраза кон припадници на друга заедница, рамноправни граѓани на Р.С.М.

За премиерот Ковачевски синоќешните случувања не доликуваат европска Македонија.

- Насилството и омразата не се, и не може да бидат решение на ниту еден проблем. На потпалувачите на протестите ќе им порачам - не манипулирајте и не злоупотребувајте млади луѓе за да ги задоволите вашите политички апетити. Вашето сценарио синоќа резултираше со над 40 повредени полицајци и над десетина приведени. 27 април нема да се повтори!

Од СДСМ со обвинувања на адреса на ВМРО-ДПМНЕ и Левица дека ги предводеле насилните протсети.

За ВМРО-ДПМНЕ пак насилството е дело на полициски инсталации.

- Властите манипулираат со протестите и уфрлаат провокатори- реагираат од Левица.

Негрижејќи се ниту за граѓаните, ниту за полицијата, Спасовски ги изложи сите во опасност, само за да ги прикажи илјадниците граѓани кои достоинствено протестираат како насилници. Левица претходно предупреди дека власта ќе уфрли провокатори со фантомки, со цел да се апсат граѓани и да се амортизира револтот кај народот.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека отфрла и осудува секаков вид на насилство во било која форма и ги охрабрува граѓаните и македонскиот народ за постојано присуство на протестните собири на кои на најдемократски начин го изразуваат сопствениот став.

Социјалистичката партија на Македонија, како најодговорни, ги посочува Владата и МВР за осмислување на едно крајно приземно, очајно срамно и недолично партиско-политичко сценарио, со кое току тие се директни иницијатори, нарачатели и виновници за синоќешните во еден дел насилни настани. Со нивна дозвола и на нивно барање е уценета, искористена и ангажирана одредена група млади луѓе провокатори за создавање тензија на сила и компромитација на граѓанскиот протест со најразлични и зачудувачки квалификации.

Насилството го осуди и претседателот на државата, како метод во политиката што не би требало да има место во современите демократии. Реакции против насилството на протестите пристигнаа и од ДУИ и Алтернатива.