Бизнис
23. January 2022 - 16:32

И по три недели примена, недела неработен ден се уште се прекршува или не се разбира за кого важи

Нејаснотии или злоупотреби. И по три недели откако стапи на сила недела неработен ден, се уште има неправилнсоти во работењето кај одредени сектори. 

Најмногу се забележани кај маркетите, пекарите, казината, обложувалниците угостителите. Од ССМ велат дека мерката мора да се почитува, а злоупотебите да се санкционираат.

И премиерот Ковачевски кој денеска беше во посета на компанија која работи во недела, посочи дека сите оние кои ќе бидат ангажирани на овој ден мора да добијат најмалку 50 проценти повисока дневница. 

Утре на состанок во Владата ќе се разговара повторно за оваа мерка. Од бизнисот велат дека е добро што ќе се дискутира, затоа што има многу недостатоци кои  излегоа на површина откако на први јанаури стапи на сила.

За синдикатот е неприфатливо ниту повисокиот минималец од 18 илјади да да почне да се исплаќа во втората половина од годинава, како што посочи министерот Бектеши. Бараат тоа да се случи од март.

Од бизнисот пак велат дека прво треба да се зголеми продуктивноста, па потоа да се разговара за повисоки плати.

Сметаат дека економијата се уште е многу кревка, поради случувањата во последните две години, прво со пандемијата, а потоа и со глобалната енергетска криза. Синдикатите пак се децидни пак ако најскоро минималецот не се зголеми, ќе бидат приморани повторно да излезат на протести.