Loading Video...
Балкан
10. October 2020 - 16:37

Хрватскиот тим за преговори обезбедува помош за македонските општини

Хрватска како последна, 27 членка на Европската Унија од 2013 година, најдобро ги познава состојбите во регионот на Западен Балкан. Без разлика што за Македонија сега постои нова методологија на преговарање за членство во Унијата, Хрватска се уште има свежо знаење и искуство во претпристапните преговори, вели Нивес Тогањ, амбасадор на Р. Хрватска во нашата земја.

„Ние не го расформиравме нашиот преговарачки тим. Дотолку повеќе, во министерството за надворешни и европски работи воспоставивме еден тим кој се вика Центар за извонредност, со намера на сите земји во опкружувањето да им го пренесе своето искуство и знаење, преку експертизи и студии, како би помогнале да се забрза динамиката на вашиот пристапен процес“ - изјави  Нивес Тогањ, амбасадор на Р. Хрватска во нашата земја.

На територијата на Македонија овој тим работи на најмногу твининг проекти, 13 вкупно на број. Нивната цел е преку меѓуопштинска соработка на хрватските и македонските општини да доведе до брзо извлекување на средства од претпристапните фондови, а со тоа и до модернизација на општинските услуги.

Веќе со некои скопски општини работиме на проект на пријателство на општините, а тоа значи пренос на искуства и знаења, додаде Тогањ.

Овие добри пракси може да се мултиплицираат и во останатите македонски општини.