Македонија
12. March 2018 - 10:01

Хрватската вицепремиерка Пејчиновиќ Буриќ во посета на Македонија

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи и европски прашања на Хрватска Марија Пејчиновиќ Буриќ денеска и утре (12 и 13 март) ќе престојува во официјална посета на Македонија. 

Пејчиновиќ Буриќ денеска ќе има средби со претставници на Заедницата на Хрватите во Република Македонија и со хрватски стопанственици. 

Утре, како што соопшти хрватското МНР, Пејчиновиќ Буриќ ќе се сретне со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, а потоа таа ќе биде примена и од претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери и од премиерот Зоран Заев.