Фудбал
15. December 2017 - 18:05

Хрватска повторно казнета од ФИФА

 
 
 
 
Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја казни Хрватскиот фудбалски сојуз (ХФС), поради однесувањето на хрватските навивачите на бараж натпреварот против Грција за пласман  Светското првенство 2018 гдоина во Русија. 
 
казни Хрватскиот фудбалски сојуз ќе треба да плати казна во износ од 30.000 швајцарски франци, за несоодветно однесување на навивачите, односно како што се наведува во одлуката на дисциплинската комисија на ФИФА, поради дискриминаторски навивање, и фрлање на предмети на теренот. 
 
Потсетување дека Хрватска на „Максимир“ убедливо ја порази Грција со 4: 1, со што „коцкестите“ обезбедија пласман на рускиот Мундијал.