Храмот Свети Сава ги отвори вратите за посетителите со нов мозаик од 50 милиони парчиња
Црквата Свети Сава нa Врачар во Белград денеска е отворена за посетителите на верскиот празник Света Петка, соопшти Српската православна црква.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, пред неколку дена, во Храмот Свети Сава беше завршен прекрасен мозаик тежок повеќе од 320 тони, кој содржи над 50 милиони парчиња. Вкупно 600 луѓе работеа на мозаикот, од кои дури 300 беа уметници мозаичари, а комплетниот мозаик завршен е за помалку од четири години.
Мозаикот зафаќа површина од околу 15.000 квадратни метри, што го прави храмот единствен во православниот свет и изработен е според техниката што се користи во Русија во последните 15 години.
Во главната купола се наоѓа огромен мозаик на Христос Пантократор, кој го претставува Исус Христос во моментот на вознесението, а е реализиран во студиото на рускиот академик и иконописец Николај Мухин.
Куполата е украсена со мозаик тежок околу 40 тони, кој е целосно реализиран во ателјето на уметникот, а потоа е поделен на помали делови и транспортиран во Белград, каде што е монтиран во куполата.
Мозаикот на куполата е еден од најголемите потфати на мозаичното украсување на кривилиниски простор во светот.
Во Храмот е поставен и огромен лустер, за кој се верува дека е најголем во светот. Тежок е околу шест тони и 800 килограми. Должината на синџирите на лустерот е околу 500 метри, односно половина километар и има дијаметар од 21 метар.
Работите на уредувањето на храмот Свети Сава продолжуваат, а во последната фаза на работите се три иконостаси, олтар во кој во моментов се прави под и во кој има икона на Исус Христос со распон на рацето од над 17 метри, што исто така го прави храмот посебен.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација