Бизнис
29. July 2015 - 17:16

Хонорарците нема да плаќаат придонеси

Се укинува обврската за плаќање придонеси за хонорари. Владата на синоќешната седница донела сет законски измени со кои од први август престанува да важи задолжителното плаќање придонеси за договори на дело, авторски и слични договори.

Како што образложи вицепремиерот Ставрски, владата се одлучила на овој потег затоа што саканите ефекти со мерката биле постигнати со други два проекти, Македонија вработува и законот за трансформација на работниот однос.

Плаќањето придонеси за авторски и други договори стапи на сила од јануари. Со нив корисниците имаа право на здравствени услуги, а досегашните уплати во ПИОМ ќе им се пресметаат во пензиите.

Ставрески потенцираше дека укинувањето на обврската покажува дека  нејзината цел не била полење на буџетот.

Укинувањето на обврската се однесува за сите исплати на хонорари по први август независно за кој месец се исплаќаат.