Македонија
4. December 2020 - 16:48

Холандија не го поддржува бугарското вето

Холандската амбасада демантира  дека го поддржува бугарското вето за старт на македонските преговори. Потврда за ова имаме и од нивното МНР, изјави шефот на дипломатијата Османи. Според него освен, Бугарија, сите останати земји стојат зад Македонија.

Бугарските медиуми, повикувајки се на бриселски извори, излегоа со тврдење дека на ветото на Софија за амкедонските интеграции се приклучиле уште две земји на ЕУ, Холандија и Данска. Пред еден месец, холандската Влада соопшти дека не гледа никаква пречка да даде зелено светло за одржување на првата меѓувладина седница со С.Македонија. И во Во неодмнешното интервју за СИТЕЛ ТВ, амбасадорот на Холандија Јан Коп потврди дека билатералните прашања не можат да бидат дел од преговарачката рамка. Тој како пример го посочи проширувањето од 2004та година кога кандидатките и покрај отворените прашања беа примени во Унијата.