Loading Video...
Свет
12. January 2022 - 16:31

Хаос на протестот во Софија против новите антиковид мерки

Хаос на протестот во Софија против новите антиковид мерки и зелениот сертификат кои ги воведува владата на премиерт Петков. Дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите, а дел од граѓаните се обидоа насилно да влезат во бугарското Собрание. Има повредени од двете страни јавуваат бугарските медиуми. 

Парламентарната партија Преродба која го го органзиараше протестот води кампања против имунизацијата за ковид, зелените сертификати и мерките за сузбивање на пандемијата. Премиерот кој е во карантин  порача дека во петок  ќе може да разговара со претставници на демонстрантите но не за тоа дали постои ковид тука за предлози како подобро да се справат со кризата.