Loading Video...
Ф1
30. August 2020 - 18:05

Хамилтон победи на белгиското Гранд-при

Британецот Лус Хамилтон ја оствари петата победа сезонава во Формула 1 шампионатот, откако во трката возена на патеката „Спа Франкошамп“ триумфира на белгиското Гранд-при. 
 
Актуелниот светскиот шампион ја искористи пол-позицијата и од самиот почеток па се до крајот на трката го сочува првото место, оставајќи ги зад себе тимски колега од Мерцедес, Валтери Ботас, и Макс Верстапен од  Ред Бул. 
 
Со оваа победа, вкупно 89-та во кариерата, Хамилтон дополнително ја зголеми предност во однос на конкурентите, на 47 бодови во однос на Вестапен, односно 50 повеќе од Ботас. 
 
Следната трка која е закажана за следниот викенд, а ќе се вози на патеката во Монца за Големата награда на Италија.