Loading Video...
Фудбал
23. March 2018 - 13:18

Хамилтон најбрз на тренинзите во Мелбурн

Британецот Луси Хамилтон оствари најдобри времиња на двата официјални тренинга кои се одржаа денеска на патеката во Мелбурн каде в недела со трката за Големата награда на Австралија, традиционално, стартува новата сезона во Формула 1 шампионатот. 
 
Актуелниот шампион Хамилтон беше најбрз во двете тренинг сесии, со што најави дека и сезонава ќе биде ееден од главните конкуренти за шампионскиот трофеј. 
 
Првата сесија со втор резултат ја заврши  Макс Ферстапен од Ред Бул додека вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас имаше беше второ рангиран на вториот тренинг. 
 
Главниот конкурент на Хамилтон во борбата за титулата и четирикратен шампион Себастијан Фетел со Ферари и на двата тренинга имаше петто време зад својот клупски колега Кими Раиконен.
 
Утре на програмата се квалификациите почнуваат од 7 часот по средноевропско време, додека трката за австралиското Гранд-при е во недела.