Loading Video...
Ф1
3. July 2020 - 17:51

Хамилтон и Ботас на Мерцедес со најдобри времиња на тренинзите

Актуелниот светски првак Луис Хамилтон, покажа дека и годинава ќе биде конкурент број 1 за шампионскиот трофеј во Формула 1 првенството. 
 
По речиси четири месечно пролонгирање на стартот на новата сезона, а поради пандемијата на Корона вирусот, денеска конечно започна новата сезона. 
 
Британецот, Хамилтон постави најбрзи времиња на двете тренинг сесии на патеката „Ред Бул“ каде во недела, но и наредниот викенд ќе се одржат првите две трки во сезоната. 
 
Неговиот тимски колега Валтери Ботас оствари втор резултат во двете трки, додека трет резултат имаше Серхио Перез од тимот на Рејсинг поинт. 
 
Утре ќе се возат квалификациите, а трката за Големата награда на Австрија на програмата е во недела од 15 часот и 10 минути.