Гутереш на Генералното собрание на ОН ќе се заложи за општо помирување во светот до крајот на годината
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање пред Генералното собрание на светската организација повторно ќе повика на општ прекин на огнот во светот до крајот на годината, за сите земји да можат да се посветат на борбата против пандемијата на коронавирусот, иако британските медиуми наведуваат дека ефектот од неговиот апел нема да биде голем затоа што на седницата нема да присуствуваат мнозинството претседатели и премиери.
Според најавите, американскиот претседател Доналд Трамп е единствениот светски лидер, кој заедно со Гутереш, утре ќе се обрати лично на првиот ден од сесијата на Генералното собрание.
Претседателите на Кина и Русија, Си Џинпинг и Владимир Путин се едни од ретките светски лидери кои ќе дојдат во Њујорк за да ја одбележат 75-годишнината од основањето на светската организација, која денес брои 193 члена.
Околу 170 шефови на држави или влади ќе се обратат преку видео врска.
Гутереш изјави дека општиот прекин на огнот низ целиот свет ќе придонесе во напорите за спречување на ширењето на Ковид-19 и создавање услови за координирано, одржливо и инклузивно закрепнување од ефектите од пандемијата.
По повод 75-годишнината од ОН Гутереш истакна дека пандемијата на коронавирусот и проблемите со климатските промени, беззаконието во кибер просторот и повторното ширење на нуклеарното оружје „јасно потврдуваат дека светот е многу ранлив“.
„Мојата надеж е дека денеска лидерите ќе бидат доволно скромни да ја прифатат нашата ранливост и да сфатат дека ни треба единство и меѓународна соработка“, заклучи Гутереш.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка